Турција: Преку еден милион мали бизниси затворени за девет години

3

turcijaВо последните девет години, 1,2 милиони мали бизниси и занаети во Турција се затворени, пишува Заман.

Според Умут Оран, заменик претседател на Републиканската народна партија, бројките на Турската конфедерација на трговци и занаетчии (ТЕСК) покажуваат дека од регистарот се тргнати 1,2 милиони мали бизниси и занаетчии.

Во просек од 2005 година па наваму, годишно се затвораат 135.000 мали бизниси. Според податоците на ТЕСК, во групата мали бизниси кои ги затвориле своите врати најчесто се продавници, таксисти, возачи на камиони, мали фирми за селидба, сопственици на интернет кафеа и сопственици на ресторани.