Турција продаде 10% од Истанбулската берза за 200 милиони долари

64

Турскиот фонд за богатство објави дека продал 10% од акциите на Истанбулската берза (Borsa Istanbul), што е единствена берза во земјата, на Qatar Investment Authority (QIA) за 200 милиони долари.

Турција и Катар на 26-ти ноември потпишаа 10 нови договори за зајакнување на билатералната соработка. Еден од тие договори е токму продавање на 10% од акциите на Истанбулската берза на заливската земја.

Турскиот фонд и понатаму ќе биде сопственик на 80,6% од акциите на Borsa Istanbul.

Фото: Borsa Istanbul