Турција пронајде лежиште на природен гас во Црното Море

57

Турција најде лежиште на енергенси во Црното Море, најверојатно природен гас, објави Bloomberg. Повикувајќи се на двајца неименувани извори, директно запознаени со ситуацијата, агенцијата истакна дека тие не укажале на капацитетот и на длабочината на наслагите на лежиштето, и не кажале каков е степенот на сложеност за црпење на енергенсот.

Изворите соопштија за ова откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека во петок ќе соопшти “добри вести“, кои ќе означат нова ера во историјата на земјата, истакнува Bloomberg. Тој, исто така, вети дека Турција ќе продолжи со испитувањата во спорните води на Средоземното Море, акции кои предизвикаа негодување во ЕУ.

Според агенцијата, министерот за енергетика, Фатих Донмз, неодамна истакнал дека пловилото Фатих за откривање наоѓалишта на морското дно, започна разузнавачки активности во областа на пристанишниот град Карадениз Ерегли.

Фото: Pixabay