Турција: Развиен виртуелен робот со емоционална интелигенција за во автомобил

25

Фото: Pixabay

Првиот холограм со емоционална интелигенција во автомобилската индустрија е развиен во Истанбул. Виртуелниот робот може да ги изврши сите гласовни команди и може да забележи дури и дали корисникот е испотен или вознемирен, пишува Daily Sabah.

Станува збор за холограмот Софија, развиен од страна на DizaynVip, што овозможуваат посебен вид на услуги за автомобилската индустрија во 35 земји во светот. Односно, нудат виртуелен робот што на корисникот му овозможува гласовна команда што оди директно до механичарите, кои потоа даваат одговор на одреден проблем или прашање.

Софија, како што се наведува, создава и емотивна комуникација со корисникот. На пример, ако корисникот каже дека Софија треба да ја вклучи климата во автомобилот, таа може да му каже: Твојот грб е испотен, вклучената клима може да влијае на здравјето.

Овој виртуелен робот на корисникот му овозможува да управува со стотина функции во возилата, само преку гласовна команда.