Турција со рекорден извоз на портокали во 2020 година

39

Извозот на портокали од Турција минатата година достигна вредност од 129 милиони долари, што е пораст од 41% во однос на 2019 година, пренесува TRT.

Според податоците, Турција во 2019-та година извезе портокали вредни 91 милион долари. Минатата сезона извозот се зголеми поради избивање на пандемијата.

Турските портокали се најдоа на пазарите во околу 60 земји во светот во текот на 2020 година. Русија е најголем увозник со 63 милиони долари, по што следат Ирак со 19 и Украина со 15 милиони долари.

Фото: Freepik