Турција со рекорден извоз во 2014 година

11

izvoz

Минатата година извозот на Турција се зголеми за околу 4% во споредба со 2013 година, достигнувајќи 157,6 милијарди долари, што е рекорд во историјата на модерната република, покажуваат бројките објавени од страна на Здружението на турските извозници, пишува Хуријет.

Најмногу се извезувале автомобили (22,3 милијарди долари), а потоа следуваат текстил и хемикалии. На листата топ извозни пазари се Германија (14,9 милијарди долари), Ирак (10,7 милијарди), Британија (9,7 милијарди), Италија (7 милијарди) и Франција (6,4 милијарди).

Пад во извозот има во Русија, за 15% и Иран, 10%.