Минатата 2019-та година беше продуктивна и успешна на стартапите во Турција, коишто преку инвестиции собраа над 100 милиони долари, што е за 62% повеќе во однос на претходната година, пишува Daily Sabah.
Вкупно 92 компании, во текот на 2019-та година, примија 101,7 милиони долари во форма на инвестиции.
Најголем скок и на бројот на стартапи и на инвестиции во нив беше постигнат во 2017-та година. Тогаш вкупно 117 компании добија инвестиции во висина од 112 милиони долари.
Најголемата поединечна инвестиција ја има стартапот за брза достава, Getir, којшто лани си обезбеди 38 милиони долари од група инвеститори од Силиконската долина.
Фото: Pexels