Турција тестира автономен автобус

46

Турскиот производител на автобуси, Otokar го тестираше автономниот автобус што го развива со експерти од Универзитетот Окан, јавува агенцијата Анадолија.

Од компанијата соопштија дека тестовите поминале успешно за првиот турски автобус со автономен систем за управување. Успешната интеграција на софтверот и верификација на автономниот систем на управување би била втора од вкупно четири фази за тестирање.

Тестот покажува дека автобусот има сензитивна контрола и при најмала брзина што е карактеристична за возење во градски средини. Автобусот доби и висока оценка за удобност, а станува збор за возило што турските експерти го развиваа во последните три години.

Компанијата Otokar е позната по тоа што и претходно развивала и произвела автобус на електричен погон, што сега се извезува во други земји.

Фото: Facebook