Турција тестира уште еден автономен електричен автобус

111

Турскиот производител на возила, Karsan, го претстави првиот домашен автономен електричен автобус под името Karsan Atak Electric, пренесува Хуријет.

Тамошниот претседател, Реџеп Таип Ердоган на први овој месец, имаше тест возење со ова возило.

“Автономниот производител на автобуси ќе ја промовира Турција на глобално ниво“, изјави Ердоган.

Karsan Atak Electric со едно полнење може да помине 300 километри, чија батерија се полни за три до четири часа. Долг е 8,3 метри и има капацитет за повеќе од 50 патници.

Компанијата веќе почнува со масовно производство на овој автобус, којшто не е прв од таков вид во Турција, бидејќи и автомобилскиот производител Otokar тестира сопствен автономен електричен автобус минатиот месец.

Фото: Freepik