Турција во март ќе го претстави националниот борбен авион Хурџет

95

Турската управа за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) официјално ќе го претстави автохтониот млазен авион Хурџет на 18 март 2023 година, на 100-годишнината од Република Турција.

Авионот поседува широк спектар способности и голема носивост на бојното поле, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во организација на Министерството за индустрија и технологија на Турција и Фондацијата Турски технолошки тим Т3, на аеродромот „Самсун Чаршамба“ во турскиот град Самсун се одржува престижниот светски фестивал на воздухопловството „ТЕКНОФЕСТ КАРАДЕНИЗ“.

Во рамките на овој технолошки настан изложени се бројни летала и беспилотни борбени авиони, а за учесниците се организираат и различни активности.

Генералниот директор на ТУСАШ, Темел Котил, за АА изјави дека „ТЕКНОФЕСТ“ е особено фокусиран на младите луѓе со цел кај нив да се поттикне креативноста и иновативноста.

Додаде дека компанијата што ја предводи секоја година со нови изуми учествува на турскиот фестивал на воздухопловството „ТЕКНОФЕСТ“, напоменувајќи дека оваа година за децата организираат обука за роботи.

Котил истакна дека веќе се подготвуваат за одбележувањето на 100-годишнината на Република Турцјиа следната година, кога ќе го претстават и новото летало.

„Го подготвуваме Хурџет, националниот борбен авион, и Атак-2, кои ќе ги претставиме на 18 март 2023 година“, рече Котил.