Фото: Pexels
На 29 октомври свечено ќе биде пуштен во употреба најголемиот аеродром во Турција, со седиште во Истанбул, третиот по ред најголем град во државата. Скоро 80% од градежните работи се веќе завршени, пренесува Hurriyet daily news.
Аеродромот ќе биде доволно широк за да смести 114 авиони истовремено, а ќе отвори и нови 225.000 работни места. Во проектот се инвестирани околу 10 милијарди долари.
Овој аеродром се очекува да биде еден од најголемите турски инфраструктурни проекти по изградбата на новиот мостот преку Босфор во 2016 година.
Засега, аеродромот Ататурк во Истанбул е еден од петте најфреквентни аеродроми во Европа, но истот ќе биде затворен штом се отвори новото седиште.