Турција во Црно Море најде повеќе гас од што се мислеше

161

Наоѓалиштето на природен гас што Турција го откри ова лето во Црното Море е поголемо отколку што се сметаше порано, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во август, Анкара објави дека го открила најголемото наоѓалиште на природен гас во својата историја, проценувајќи ја вредноста на количината на пронајдено “сино злато“ на 320 милијарди кубни метри.

“Таму има дополнителни 85 милијарди кубни метри, така што резервите на природен гас сега изнесуваат вкупно 405 милијарди кубни метри“, рече Ердоган.

Тој потврди дека снабдувањето на турски домови со тој гас ќе започне во 2023 година. Неговата најава дојде во време кога Турција работи напорно за да се пласира како регионален енергетски орган и да ја намали зависноста на земјата од увоз на природен гас, што негативно влијае на нејзината кревка економија, пренесува Индикатор.

Турција годишно троши помеѓу 45 и 50 милијарди кубни метри природен гас и го увезува скоро целосно, претежно од Русија.

Паралелно со истражувањата во Црното Море, Анкара ги зајакна иницијативите на Средоземното Море, каде откривањето на огромни резерви природен гас последните години ги поттикна апетитите на сите крајбрежни земји.

Фото: Pixabay