Турција за 18 години вложи три милијарди долари за дистрибуција на природен гас

60

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави дека во последните 18 години неговата земја во проекти за дистрибуција на природен гас вложила околу три милијарди евра.

“Инвестициите во топлотна и геотермална енергија значително ќе придонесат за снабдување на нашата земја со енергија“, рекол Ердоган.

Тој нагласи дека станува збор за важни проекти на четири енергетски постројки коишто ќе бидат корисни за цела Турција, пренесува агенцијата Анадолија.

“За 18 години тројно ја зголемивме количината на произведена електрична енергија на 96.000 мегавати, што е важно за целокупниот напредок на Турција“, рекол Ердоган.

Целта на Турција е да биде водечка земја, не само во производство, туку и во развој на технологија за обновливи извори на енергија.

Околу 68 милиони жители на Турција имаат можност да користат природен гас.

Фото: Freepik