Турција забранува продажба на непакувано сирење од први јануари

45

sirenje

Во Турција од први јануари следната година завршува продажбата на непакувано сирење, согласно новата регулатива на тамошното Министерство за храна, земјоделство и сточарство, пишува Хуријет.

Новата регулатива е направена врз основа на консултации со претставници од прехранбениот сектор, Универзитетите и невладините организации, а е во согласност со турскиот кодекс за храна.

Се смета дека оваа нова регулатива ќе донесе огромни промени во продажбата на сирење во Турција. Од следната година само спакувано и хигиенско чисто сирење ќе може да се најде на пазарот во земјата. И пакувањето на сирењето треба да биде во согласност со турскиот кодес за храна.

Според овој кодекс, на пакувањето на производите од млеко мора да стои датата на производство и местото и рокот на траење на производот.

Податоците на Националниот совет за млеко во Турција покажуваат дека потрошувачката на сирење по глава жител е 16,5 килограми.