Турција забранува употреба на криптовалути

32

Турската централна банка ќе забрани употреба на крипто средствата при плаќања бидејќи тие повлекуваат значителни ризици за страните вклучени во трансакциите, пренесува Агенција Анадолија.

“Институциите за плаќање и за електронски пари нема да можат да посредуваат во платформите кои нудат услуги на тргување, чување, трансфер или услуги за издавање на криптосредства, покрај посредувањето за трансфер на средства“, објави Службениот весник рано утринава.

Регулативата ќе стапи на сила од 30 април.

Одделно, банката предупреди на ризиците од употребата на криптосредствата бидејќи тие не подлежат на никакви регулативи или механизми за надзор или централно регулаторно тело, подложни се на претерана непостојаност и на можно користење во нелегални активности поради нивните анонимни структури.