Фото: Pixabay
Во изминатите седум месеци од Турција биле извезени 191.656 тони лешници што е за 25% повеќе од минатата сезона, пишува Hurriyet daily news. Во периодот помеѓу први септември 2017 и крајот на март 2018 година земјата заработила 1,21 милијарди долари од извоз на лешници.
Според извештајот, само извозот на обработени ореви изнесувал 38,4% од вкупниот извоз на Турција, додека останатиот дел биле сурови лешници.
Главен пазар за турските лешници со учество од 75,13% од вкупниот извоз на лешник од земјата се земјите од ЕУ.
Турција е најголем извозник на лешници во светот. Минатата сезона, од септември 2016 до крајот на август 2017 земјата извезла приближно 236.000 тони лешници и заработила 1,88 милијарди долари.