Турција заработува милиони од извозот на чај

18

Турција остварила проходи од над 4,5 милиони долари во првата половина на 2018 година, како резултат на извозот на чај во 93 земји, пишува Hurriyet Daily News, повикувајќи се на податоците на Асоцијацијата на извозници на исток на Црното Море.

Најголеми купувачи на турскиот чај се Германија, која купила чај во вредност од 608.071 долари, а потоа следат турскиот дел на Кипар (541.890 долари) и САД (491.535).

Турскиот чај главно се извезува во европските земји, но во последниот период значително е зголемен извозот и во Саудиска Арабија, откако арапските туристи имале можност да се запознаат со неговиот вкус при посетата на источниот регион на Црното Море, се вели во извештајот на Асоцијацијата на извозници.

Очекувањата на надлежните се дека и во следниот период извозот на чај ќе продолжи на расте.

Фото: Pixabay