Турција заврши со ММФ

145

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави дека девизните резерви на Турската централна банка изнесуваат 95 милијарди долари и дека националната економија е добро поставена за конкурентски натпревар на светска сцена.

Потсетувајќи дека кога партијата дошла на власт долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на земјата изнесувал 23,5 милијарди долари, Ердоган рече дека во мај 2013 година долгот е вратен целосно.

“Ние веќе немаме долг кон ММФ. Кога стапивме на функција, Централната банка имаше 27,5 милијарди долари девизни резерви, сега имаме 95 милијарди долари девизни резерви, но ќе кажам уште една бројка. Кога бев премиер девизните резерви се искачија на 132 милијарди долари. Потоа имавме намалување. Што значи тоа? Тоа значи дека ние повторно ќе се искачиме на 132 милијарди долари, ќе се искачиме и на 200 милијарди долари“, рече турскиот претседател.

Фото: Pixabay