Турците заинтересирани за црногорската и српската берза

33

berzaТурската берза (Borsa Istanbul) ќе преземе 30% од Црногорската берза овие денови, изјави за Блиц Душко Кнежевиќ, сопственик на Атлас група, која е мнозински сопственик на Црногорска берза.

“Борса Истанбул има намера да ги поврзе сите берзи во регионот, а заинтересирани се да купат удел и во Белградска берза”, вели Кнежевиќ.

Кнежевиќ укажа дека намерата на Турците е да ги обединат сите берзи во регионот и дека Борса Истанбул е меѓу водечките во светот по дневен обрт.

Истанбулската берза веќе има удел во Сараевска берза.