Turing Phone – издржлив, водоотпорен и безбеден мобилен телефон

6

turing phone 3

Американската компанија Turing Robotic Industries (TRI) ќе го лансира мобилниот телефон Turing Phone (TP), којшто е скоро неуништлив и безбеден.

Овој мобилен телефон е изработен од специјален течен метал Liquidomorphium, којшто е посилен од челикот и титаниумот.

turing-phone-2

Покрај црврстината, карактеристично за овој телефон е тоа што сите разговори и размена на податоци ќе бидат шифрирани за да се избегне обид за прислушување.

Turing Phone ќе биде водоотпорен до 10 метри.

turingphone5-1

На почетокот овој паметен телефон ќе може да се порача преку интернет страницата на компанијата. За првите претпорачки ќе следи и специјален Bluetooth пакет, којшто опфаќа тастатура, звучник, слушалки и џојстик за играње игри.