Туристи од Турција, Полска и Србија најбројни во септември

54

Од вкупно 94.983 странски туристи, кои ја посетиле земјава во септември, 12.063 или 12% се од Турција. Потоа следуваат 7.187 туристи од Полска и 6.981 турист од Србија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од друга страна пак, најмалку туристи, кои ја посетиле Македонија во септември, доаѓаат од Исланд (15) и Јужна Африка (25).

Најголем дел од странците кои ја посетиле земјава во текот на септември, 39.259 дошле во Скопје, а 38.628 биле на езерските места.

Инаку, бројот на туристи во септември оваа година изнесува 122.645, а бројот на ноќевањата изнесува 275.892. Бројот на туристите во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е зголемен за 12,8%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6%.

Бројот на домашни туристи во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е намален за 0,6%, а бројот на странски туристи е зголемен за 17,4%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е намален за 5,9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11,6%.

Во периодот јануари – септември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 3,4%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,1%, а кај странските има зголемување за 4,8%. Во периодот јануари – септември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1,9%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0,1%, а кај странските има зголемување за 4,4%.

Фото: Pixabay