Туристичката понуда на Македонија презентирана на Меѓународниот саем во Берлин

26

sa 1Туристичката потенцијали на Охрид и на Македонија беа презентирани на угледниот туристичкиот саем во Берлин, што се одржа од 6 до 10 март.

Оваа саемска манифестација важи за една од водечките во светски рамки, а тоа го потврдува фактот што годинава ја посетиле над 200.000 посетители, а своите потенцијали во областа на туризмот ги претставиле повеќе од десет илјади излагачи од целиот свет.

Покрај своите автентични вредности, општина Охрид во соработка со Агенцијата за промоција на туризмот, на својот штанд заедно со повеќе балкански тур-оператори и партнери, промовираше и регионален пристап во привлекувањето на потенцијалните гости.

Со својата понуда Охрид се најде на повеќе туристички мапи кои промовираат културен, религиски и еко-туризам.