Туристичките агенции со стрмен пад од 83,6%

7

Во јуни оваа година, сите услужни дејности во рамки на Европската унија (ЕУ) бележат намалување во споредба со февруари, пред и официјално да биде прогласена пандемија од коронавирусот.

Целиот сектор на услужни дејности во ЕУ забележа пад од 16,4%, во овој период, додека туристичките услуги имаат намалување од 75%. Меѓу одделни дејности во овој сектор, туристичките агенции и тур операторите имаат најголем пад и тоа од 83,6%, по што следи авиотранспортот со намалување од 73,8%, сместувачките капацитети со 66,4% и угостителските објекти со пад од 38,4%, покажуваат податоците на Eurostat.

Откако се релаксираа рестриктивните мерки и рестораните повторно беа отворени, тие забележаа најдобро закрепнување, по што следат сместувачките капацитети. Најмалку закрепнува авиоиндустријата, додека туристичките агенции и тур операторите ги имаа истите резултати во јуни како и во април годинава.

Фото: Freepik