Туристичките понуди во Македонија презентирани на саем за туризам во Холандија

46

D56770611B635B4F806B8D8B3EF667E4На Меѓународниот саем за туризам, што се одржуваше од 8-ми до 13-ти овој месец, во холандскиот град Утрехт, беше презентирана туристичката понуда на Охрид и Македонија.

Покрај туризмот, на штандот кој што заеднички го организираа Општина Охрид и Агенцијата за поддршка на туризмот на Република Македонија, беа промовирани и македонски вина од повеќе винарии.

Зголемениот интерес на холанските посетители на македонскиот штанд ги издрадува туристичките работници од Охрид. Посетеност се должи и на ангажманот на холандските партнерски тур-оператори Корендон и ТУИ, кои веќе се познати како промотори на туристичката понуда на Македонија во државите од Бенелукс.

Раководителот на општинскиот Сектор за туризам и локален економски развој Гоце Симоноски и претставници на повеќе хотели, ресторани и туристички агенции од Охрид, остварија разговори за време на одржувањето на саемот, со претставници на познати холандски туроператори. Договорени се да се одржат повеќе промотивни активности за холандските туроператори и медиуми во Охрид.