Туристичките работници со свои видувања за намалената посетеност на Охрид

28

3-22-Годинава во Охрид изостанаа најбројните гости, српските туристи, кои важат за добри потрошувачи.

Од друга страна пак забележан е зголемен број гости од западноевропските држави, но и на оние кои преку организирани тури во регионот поминуваат на охридската ривиера.

Сепак може со сигурност да се каже дека оваа година драстично е намален бројот туристи во приватното сместување.

Причините за состојба во туристичката дејност во Охрид се различни. Секој од субјектите има свои видувања, почнувајќи од неповолните временски услови, лошата инфстраструктурна поврзаност на градот, лошата инфраструктура во градот, цени повисоки во споредба со конкуренцијата, до нељубезен персонал во угостителските објекти, таксисти со свои тарифи, бучава во градот, високи давачки на угостителските субјекти, итн, пишува Миа.

Статистичките податоци говорат дека последните десет години Охрид воопшто не бележи напредок кога е во прашање туристичката дејност, освен во делот странски туристи кои организирано доаѓаат, особено гостите од Бенелукс што летуваат преку закупени аранжмани на холандските тур-оператори.

Па така, во 2000 година во екот на туристичката сезона градот го посетиле 130.000 домашни туристи, како и околу 33.000 странски туристи, додека во 2010 година се регистрирани 90.000 домашни, односно 40.000 странски туристи.

Според локалниот економски совет на Охрид му е потребна стратегија, изработка на осмислен специфичен туристички производ, согласно максимално искористување на предностите што ги поседува градот како што се културно-историските реткости и природните убавини, како и поголеми инвестиции во подобрување на инфраструктурата и содржини што би го свртеле вниманието и натерало гостите своите неколку денови одмор да ги минат токму тука.