Туристите ќе може да се тестираат на аеродромите во Турција

55

Турција ќе отвори центри за тестирање на коронавирус на своите најпрометни аеродроми од први јули и на други аеродроми најдоцна до 15 јули, изјави министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.

Првите тест центри Ковид-19 ќе бидат отворени на аеродромите во Истанбул, Анталија, Измир и одморалиштето Даламан, а на другите аеродроми ќе бидат поставени до 15 јули, пишува Daily Sabah.

Тестот, којшто ќе чини 15 евра, ќе понуди резултати во рок од два часа, а туристите ќе можат да се тестираат кога сакаат, додаде министерот.

Фото: Pixabay