Туризмот на Турција за три месеци ѝ донесе над четири милијарди долари

45

Турција од туризам, во периодот јануари – март оваа година, заработи 4,1 милијарди долари, пренесува Хуријет.

Според податоците, приходите остварените во првите три месеци од оваа година, се намалени за 11,4% во споредба со истиот период лани.

“Вкупно 80,6% од приходите се од странски туристи, а 19,4% од државјани што престојуваат во странство“, велат податоците од Турскиот институт за статистика.

Трошоците по глава жител во туризмот, во периодот јануари – март, беа 727 долари.

Фото: Pixabay