Turkish Airlines по бројот на дневни летови ги остави зад себе европските ривали

24

Според извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (Eurocontrol) за сообраќајот на летови што беше објавен вчера, Турската авиокомпанија Turkish Airlines е европски лидер по бројот на реализирани летови со 657 летови на ден, а на второ место е Air France со реализирани 401 лет.

На трето место на списокот е Wideroe со 333 летови, на четврто место Pegasus со 309, на пето место KLM со 262, на шесто место Lufthansa со 236 летови.

Во извештајот на Eurocontrol се наведува дека во последните неколку седмици нема поголеми промени во бројот на дневни летови, но е за 32% помалку во однос на извештајот од 2019 година кога немаше пандемија.

Фото: Pixabay