Turkish Airlines по шести пат прогласена за најдобра авиокомпанија во Европа

24

Turkish_Airlines_Cargo_Airbus_A310-304F;_TC-JCZ@ZRH;09.04.2011_594af_(5603665835)Turkish Airlines е по шести пат прогласена за најдобра авиокомпанија во Европа, од страна на глобалниот систем за рангирање Skytrax, пишува Hurriyet.

Турската авиокомпанија го доби признанието на гала церемонија што беше одржана вчера во Лондон, каде присуствуваа лидери над 40 авиокомпании од светот. За време на настанот извршниот директор на Skytrax, Едвард Плаистед му го врачи признанието на претседателот на Turkish Airlines Илкер Ајџу, додека за најдобра авиоомпанија во светот беше избрана Emirates. Turkish Airlines исто така беше прогласена за најдобра авиокомпанија во Јужна Европа по осми пат.

Наградите беа доделени врз основа на истражување со кое беа опфатени над еден милион корисници на авионски услуги од 550 аеродроми. Патниците ги рангираа авиокомпаниите врз основа на неколку клучни фактори како пријавување, пристигнување, безбедност и имиграција.

Бројот на патници превезени од Turkish Airlines во првите пет месеци од годинава изнесувал 25 милиони што е за 7,8% поголем од истиот период лани. Бројот на авиони на авиокомпанијата за истиот период се зголемил од 277 на 322, а биле додадени и уште 15 дестинации, па нивниот број моментално изнесува 289.