Turkish Airlines продолжува со меѓународните летови

129

Turkish Airlines од 18 јуни повторно почнува со интернационални летови кон шест европски држави, а на лето ќе бидат организирани и пет нови летови. Компанијата ќе започне да лета кон Германија, Швајцарија, Австрија, Холандија, Данска и Шведска.

Меѓународните летови беа укинати од 28 март поради пандемијата со коронавирусот.

“Додека два месеца бевме одвоени од небото, нашиот глобален бренд се подготвуваше за нова ера во координација со меѓународните и државни власти“, соопштија од Turkish Airlines.

Летовите ќе поврзат 16 европски градови со 14 турски градови.

Turkish Airlines , исто така, ќе започне пет нови рути кон Базел, Хановер, Салцбург, Франкфурт и Амстердам ова лето, а меѓуградските летови во Турција ќе почнат на четврти јуни.

Фото: Facebook