Турскиот авиопревозник Turkish Airlines е прогласен за највреден бренд на земјата за 2018 година, пишува Hurriyet Daily News. Според анкетата на Brand Finance, авиокомпанијата го зазема врвот на листата од 100 највредни турски брендови, со вредност над 2 милијарди долари и раст од 6% во однос на минатата година.
На второ место е телекомуникацискиот провајдер Türk Telekom, кој го загуби приматот, откако вредноста годинава му падна за 27% и моментално е проценет на 1,9 милијарди долари. Третата позиција ја зазема телекомуникацискиот гигант Turkcell со вредност од 1,8 милијарди долари.
Четвртото и петото место се резервирани за приватната турска банка, Akbank, и уште еден приватен кредитор кој делумно е во споственост на шпанска групација, а нивните вредност изнесуваат околу 1,6 милијарди долари.
Во пресрет на Светското првенство во фудбал, истражувањето ги рангираше и фудбалските гиганти од Турција, па така за највреден турски фудбалски клуб е прогласен Бешикташ (121 милион долари), следи Фенербахче (102 милиони долари) и на трето место е Галатасарај (74 милиони долари).
Вкупната вредност на 100-те највредни турски бренда изнесува 27,5 милијарди долари, и речиси е непроменета во однос на минатата година, иако турската економија оствари раст од 7,4%. Ваквата состојба се должи пред сè, на падот на турската лира. Вредноста на листата на 100-те највредни турски бренда во последните 11 години се движи 25-35 милијарди долари.
Фото: Facebook