Туркиш ерлајнс нема да служи алкохол на домашни летови

21

turkish airlines 1Турскиот авиопревозник Туркиш ерлајнс ќе престане да служи алкохолни пијалоци во бизнис класата во текот на домашните летови, освен на шест одредени дестинации. Како причина за тоа ја наведуваат слабата побарувачка.

По спроведеното анкетирање на патниците во текот на изминатите неколку години, Туркиш ерлајнс реши да го тргне алкохолот од менито, освен на летовите за Истанбул, Измир, Бодрум, Даламан, Анталија и Анкара.

Туркиш ерлајнс се уште ќе им нуди алкохол на патниците од економска и бизнис класа на интернационални летови, освен на рутата за Иран и некои арапски земји, каде побарувачката е многу мала.