Туркиш ерлајнс во преговори за преземање на авиокомпанија од Африка

26

turkish-airlinesПретседателот на националниот авиопревозник Туркиш ерлајнс, Хамди Топчу изјави дека компанијата е во преговори за преземање на авиокомпанија од Африка, но дека сопственоста ќе биде партнерство со таа компанија, пишува Заман.

Топчу изјави дека Туркиш ерлајнс се обидува да се прошири на африканскиот пазар, но дека преговорите се во тек и договорот не е финализиран.

“Африканскиот пазар има висок потенцијал за раст. Знаеме за некои европски авиокомпании кои имаат тешкотии заради економската криза, но нивните понуди не се добри за нас. Тие сакаат да задржат 51% од акциите, а ние сакаме контролен удел. Затоа африканскиот пазар наместо европскиот е поважен за нас и Африка е регионот во кој одлучивме да се прошириме”, вели Топчу.

Туркиш ерлајнс претходно годинава најави дека сака да се проширува и можеби некои европски авиопревозници ја гледаа турската авиокомпанија како купувач, но вивната понуда не им беше привлечна на Турците.