Турска компанија ќе гради млекарница во Шабац

32

itimat

Турската компанија Itimat ќе гради млекарница во српскиот град Шабац, а производството би требало да започне во април следната година, изјави српскиот министер за трговија и телекомуникации Расим Љајиќ за Танјуг.

Како што изјави министерот, договорот е склучен, инвеститорот купил два хектари земјиште во индустриската зона во Шабац. Турската компанија ќе вработи 100 луѓе, а вредноста на инвестицијата е четири милиони евра.

Сопственикот на Itimat, Шахин Кара, за медиумите изјавил дека планираат на самиот почеток да почнат со производство на кашкавал, моцарела, фета и путер, а дневното производство на млеко во Србија би било околу 50 тони.