Турска компанија ќе произведува струја од преработка на отпадни води

22

voda-mnogu-pixabay

Фото: Pixabay

Турската компанија Arasya Atiksu планира да произведува електрична енергија од 1,2 милиони тони тиња, што се добива од индустриски отпадни води, во соработка со странски инвестиционен фонд, пишува Хуријет.

Компанијата заедно со инвестициониот фонд ќе инвестираат 100 милиони евра во проект што опфаќа 12 соларни постројки за преработка на отпадните води и електрани.

“Ние ќе произведуваме електрична енергија преку согорување на тињата, а компаниите за производство на цемент ќе го користат пепелот како нивна суровина. На тој начин добиваат и економијата и животната средина“, вели Ајтуѓ Гулдамла, претседател на Arasya Atiksu.

Според нив, преработката на отпадните води од индустриските капацитети не само што ќе ја зачува природата, туку и ќе создаде суровина со којашто ќе може да се произведува електрична енергија.