Турски бизнисмени во посета на Македонија

47

Од 19 до 21 овој месец, делегација од дваесетина турски компании, членови на стопанската комора на Бергама ќе ја посетат Македонија.

Турската бизнис-делегација е составена од  реномирани компании од повеќе индустрии како земјоделие и прехранбена индустрија, недвижности, производство на мебел, земјоделска механизација, градежништво, текстил и друго. Посетата е со цел да воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности.

Организатор на Македонско-турски бизнис-форум е Стопанската комора на Македонија, а  деловните средби ќе се случат на 20 септември 2013 година, со почеток во 11 часот, во просториите на Комората.

За време на средбите македонските компании ќе имаат можност да остварат значајни директни контакти со турските компании и со тоа да започнат успешна деловна соработка.