Турски компании заинтересирани за млекото од БиХ

36

milk1БиХ би можела со само еден потег трајно да ја поправи економијата, затоа што пласманот на домашното млеко на пазарите на Европската унија ќе донесе масовни вработувања и производство на други репроматеријали во земјоделството, како и верижна економска реакција, вели претседателот на здружението на земјоделски произведувачи на Република Српска, Владимир Усорац за Дневни аваз.

“Три до четири милиони Турци кои живеат во Германија купуваат млеко и прехранбени производи од турско производство, затоа што, според традицијата, се многу внимателни при изборот на храна”, вели Усорац и додава дека покрај Турците, за млеко од БиХ се заинтересирани и Германците и Италијаните.

Сараевската млекарница Милкос, која на почетокот на овој месец доби решение за извоз на пазарите на млеко, потврди дека турските компании веќе изразиле интерес за млечните производи од БиХ.

Канцеларијата за храна и ветеринарство на ЕУ (ФВО), првата контролна мисија во БиХ ја започнаа на 21 јануари, за да го проверат степенот на исполнетост на условите за извоз на млеко и млечни производи и донесе одлука дека БиХ не ги исполнува условите за извоз на млеко и млечни производи на пазарот на Европската унија. Според прелиминарната анализа на инспекторатот на ФВО, институциите во БиХ мораат да ги исполнат преостанатите задачи и да се отстранат недостатоците од технички карактер.