Турски Ülker излезе од партнерството со швајцарски Hero

31

ulkerТурскиот произведувач на храна Ülker ќе излезе од 11 годишното партнерство со швајцарската компанија Hero Group. Ülker и Hero во 2003 година ја основаа подружницата Hero Gıda во Турција и заеднички произведуваа бебешка храна под брендот Ülker Hero Baby.

Според договорот, кој е предмет на регулаторно одобрување, Hero ќе купи 50% од акциите на Hero Gıda кои му припаѓаат на Ülker, со што станува единствен сопственик на подружницата.

“Аквизицијата е стратешки потег за подобрување на положбата на Hero на глобалниот пазар за бебешка храна и ја потврдува посветеноста на компанијата на регионов”, стои во соопштението на Hero, пренесува Заман.

Според договорот од 2003 година, Ülker произведуваше посебен бренд храна за бебиња наречен Ülker Bebe. Турската компанија соопшти дека повторно ќе почне со производство на својот бренд независно од Hero.

Ülker е дел од Yildiz Holding.