Турскиот извоз достигна 14 милијарди долари во јули

27

Извозот на Турција во јули годинава пораснал за 11,8% објави Турското здружение на извозници, а пренесува Hurriyet Daily News.

Минатиот месец, извозот на земјата изнесувал 14,1 милијарди долари, што претставува досега  највисока бројка за месец јули.

Вкупниот извоз на Турција од почетокот на годината изнесувал 96,3 милијарди долари, што е зголемување за 7%, додека на годишно ниво растот на извозот е 8,1% и достигнал 163,3 милијарди долари.

Според статистичките податоци, рекордно годишно ниво на турскиот извоз е 157,6 милијарди долари, реализирано во 2014 година.

Инаку најмногу се извезувало во ЕУ каде што има пораст од 15% и бројка од 6,9 милијарди долари. Севкупниот извоз за минатиот месец во земјите на ЕУ е 48,7%, се вели во статистичките податоци.

Турските производи се извезени во 223 земји, а автомобилската индустрија е водечки сектор со извоз во вредност од 2,76 милијарди долари. Потоа следуваат текстилната индустрија со околу 1,6 милијарди долари и хемиските производи со речиси 1,5 милијарди долари.

Од јануари до јули, врвниот извозен пазар за турските производи бил Германија со 9,36 милијарди долари, што претставува 9,98% од вкупниот извоз оваа година.

Фото: Pixabay