Турскиот туристички пазар атрактивен за хотелиерите и угостителите во Македонија

51

Македонско–турското пријателство, историските и традиционалните врски, заедничките вредности и интереси се одразуваат во зацврстување на воспоставените туристички релации меѓу двете земји.

Делегација на Македонија која брои повеќе од педесетина туроператори и хотелиери заедно со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, претставувана од директорот Љупчо Јаневски учествуваа на саемот за туризам во Истанбул, Турција.

Oд 31-ви јануари до 3-ти февруари 2019г. претставници на Агенцијата за туризaм, општина Охрид, како и претставници од приватниот сектор, Бадем Турс, Фибула, Генерал Турист, Вардар Експрес, Енџој Балканс, ДМЦ Балканс и хотел Њу Стар ги промовираа туристичките дестинации на Македонија.

East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibitio-EMITT е еден од водечките туристички настани во Турција, кој го соединува туристичкиот сектор на национално и меѓународно ниво секоја година.