Турција ја укина одредбата според која извозниците мораше да ги конвертираат девизните приливи во лири.
Според тамошните медиуми, уредбата според којашто извозниците мораа да претворат најмалку 80% од своите странски приходи во лири, во екот на валутната криза за околу 30% ја намали вредноста на турската лира.
Извозниците ја критикуваа оваа мерка бидејќи турската индустрија во голема мера е зависна од суровини увезени од странство.
Измените предвидуваат, турските компании да имаат обврска да ги прикажат приходите од извозни трансакции во земјата во рок од 180 дена од извозот.
Податоците покажуваат дека извозот во Турција за 11 месеци од минатата година изнесуваше 156,9 милијарди долари.
Фото: Pixabay