Турските ТВ продукции со новите серии очекуваат рекордна сезона и заработка

164

snimanje

Турскиот ТВ драмски сектор очекува со новите серии во новата сезона што започнува во септември да ги урне досегашните рекорди и во следната година да направи обрт од преку 300 милиони евра, пишува турски Хуријет.

Во оваа индустрија во Турција активно работат 45 продукции, кои секоја година растат во поглед на продукција и технички капацитети.

На турските канали се емитуваат околу 80 нови серии секоја година. Најпопуларната и најгледана ТВ серија Muhteşem Yüzyıl (Величенствениот), минатата година оствари најголема заработка од преку 13 милиони евра. Серијата Kurtlar Vadisi (Долина на волците), која ќе продолжи да се емитува оваа сезона е на второ место со приход од 12,4 милиони евра.

“Секторот расте секоја година со своите драмски приказни, актери, музика, декори и костуми”, вели првиот човек на продукциската асоцијација, Бирол Ѓувен и додава дека оваа сезона очекува раст од 12% во овој сектор, пишува Хуријет.

Турските серии се се поприсутни на меѓународните пазари, особено на Блискиот Исток, Балканот и Централна Азија, а веќе почнуваат да бележат успеси и во Јужна Америка.