Турција доживува извонреден раст на туризмот

Во првата половина од 2024 година, Турција забележа пораст на бројот на туристи за 13,9 отсто во однос на претходната година. Според турското Министерство за култура и туризам, земјата ја посетиле 26,1 милиони туристи, додека приходите од туризмот се зголемени за 9,3%, достигнувајќи 23,7 милијарди долари.

Просечниот дневен трошок по посетител беше 98 американски долари.

Министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој рече дека резултатите за првите шест месеци ја потврдуваат посветеноста на Турција да ја достигне целта од 60 милиони посетители и 60 милијарди долари приход до крајот на годината. Традиционалните пазари како Русија, Германија и Обединетото Кралство продолжија да растат, додека најголем пораст е забележан на кинескиот и јапонскиот пазар.