Тутунски комбинат АД Прилеп прокнижи загуба од над 102 милиони денари

119

tutun

Тутунскиот комбинат АД Прилеп минатата година евидентираше загуба по оданочување во висина од 102.738.772 денари, стои во одлуката за одобрување на годишната сметка и финансиските извештаи, објавена на Македонска берза.

Вкупните приходи на друштвото лани биле 29.375.265 денари, додека на расходната страна се прокнижени 131.672.201 денари.

Тутунски комбинат АД Прилеп поседува 100% од акционерскиот капитал во двете ДООЕЛ друштва за производство на цигари и за преработка и продажба на обработен ферментиран тутун.

Според истата одлука, Тутунски комбинат цигари ДООЕЛ во 2013 година регистрираше 623.383.470 денари приходи, додека на расходната страна беа евидентирани 755.658.193 денари. По овие резултати, компанијата оствари загуба од 132.548.639 денари.

Тутунски комбинат тутун ДООЕЛ лани оствари приходи во висина од 681.731.866 денари, а расходите изнесуваа 746.493.681 денари. Загубата по оданочување е 67.463.635 денари.