Тутунски комбинат од Прилеп оствари 9,7 милиони денари добивка за девет месеци

34

tutunski-kombinat-prilep

Тутунски комбинат од Прилеп заклучно со 30-ти септември оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 9.790.000 денари, покажуваат податоците од консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Од јануари до септември лани, компанијата прикажа загуба од 36.863.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година достигнаа 872.890.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 266.712.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 606.178.000 денари.

Главна дејност на Тутунски комбинат е купување и преработка на тутун, производство на цигари, производство на филтер стапчиња, различни типови на лепила наменети за тутунската индустрија и други апликации. Компанијата, исто така, има и свој хотел во Охрид.