Твининг проект за поддршка на осигурувањето

33

Понатамошно усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ во областа на осигурувањето, како и зајакнување на административните и оперативни капацитети на земјата во процесот на исполнување на ЕУ стандардите во овие сфери е целта на ЕУ Твининг проектот Понатамошна хармонизација со ЕУ во поле на осигурување и зголемување на пазарни операции што денеска се промовира во Скопје, пишува Миа.

Твининг проектот ќе биде спроведен од Меѓународната Иберо -Американската Фондација за администрација и јавни политики (ФИИАПП) во соработка со Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Проектот е финансиран од Европската унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Вкупниот буџет изнесува 700.000 евра и се спроведува од петти март во времетраење од 18 месеци.