Твитер го тужи Илон Маск за раскинување на договорот

47

Твитер поднесе тужба против технолошкиот милијардер Илон Маск во обид да го принуди да го заврши преземањето на компанијата, објави претседателот на одборот Брет Тејлор.

Одлуката доаѓа откако Маск во петокот објави дека се повлекува од предложеното купување на Твитер во вредност од 44 милијарди долари.

Маск тврдеше дека Твитер не дал информации за бројот на лажни и спам-налози на платформата, пренесува Би-би-си.

Сега Твитер побара од судот во Делавер да му нареди на најбогатиот човек на светот да го заврши купувањето со договорените 54,20 долари по акција на Твитер.