Твитовите на Маск поттикнале 40% од Американците да вложат во криптовалути

34

Провокативните твитови на американскиот милијардер и сопственик на Tesla, Илон Маск за криптовалутите, се претворија во повик на акција на Американците кои ги прават првите чекори на овој пазар.

Онлајн анкетата, што минатиот месец ја спроведе платформата Piplsay во сопственост на компанија за истражување на пазарот од Њу Џерси, покажува дека 37% од испитаниците барем еднаш вложиле во некоја криптовалута на основа на твитовите на Маск. Податоците покажуваат дека 16% од анкетираните многу пати инвестирале раководејќи се од не баш јасните совети што Маск ги објавува на Twitter. Според анкетата, во којашто учествувале 30.400 луѓе, скоро пола од испитаниците рекле дека твитовите на Маск за пазарни движења се “прилично интересни“, една четвртина сметаат дека не се доверливи, а 29% не ги следат неговите твитови.

Во исто време, 48% од анкетираните Американци оцениле дека Маск е генијалец, додека 7% сметаат дека е “будала“. Скоро половина од испитаниците признаваат дека му се воодушевуваат на неговата “страст и посветеност“, додека 35% наведуваат дека не ја сакаат “ароганцијата“ на Маск.

Првиот човек на Tesla е прилично активен на Twitter, јавно изнесувајќи го своето мислење за различни “жешки теми“, како што е случајот со GameStop.

Фото: Pexels