Twitter ќе ги брише неактивните корисници

33

Twitter од следниот месец ќе започне да ги брише неактивните профили на социјалната мрежа. Станува збор за корисници кои немале никаква активност шест месеци, а крајниот рок за логирање е 11 декември пред да почне бришењето.

Ќе бидат елиминирани и профилите на оние корисници кои починале, освен доколку некој друг не го користи истиот. Ова е прв пат Twitter да планира бришење на неактивни корисници во толку голем број, пишува BBC.

Од компанијата велат дека ова бришење на профили е поради фактот што корисниците што не се активни не можат да се согласат на новите полики за безбедност.

Првата серија на елиминирани профили ќе биде на корисници надвор од САД.

Во иднина, Twitter ќе ги “заклучува“ профилите на оние корисниците кои само ги креирале, а немаат никаква активност на платформата.

Фото: Pixabay