Twitter: Можно е воведување на претплата

Компанијата Twitter поради пад на приходите размислува да воведе нови начини на заработка, а една од нив би можела да биде опцијата за претплатите за одредени делови од услугата.

Имено, како што пренесува CNN во вториот квартал од оваа година приходите од реклами на Twitter се намалија за една четвртина во однос на истиот период лани, односно на 562 милиони долари. Значи, и покрај големото зголемување на бројот на корисници за време на пандемијата, оперативната загуба на компанијата изнесуваше 124 милиони долари.

Затоа извршниот директор на Twitter, Џек Дорси им соопшти на инвеститорите дека тој веројатно ќе започне “тестови за претплата“.

Фото: Pixabay